X
 15.08.2022 Живот

Што сѐ не треба да оставате во автомобил на топло време?

Сонцето и високата температура лошо влијаат врз некои работи што ги користиме и затоа не е паметно тие да се оставаат во автомобилот во овој период.

Многумина оставаат шишиња со вода во автомобилот, но одредени хемикалии во пластиката кои се испуштаат на висока температура ја прават пластиката пофлексибилна и може да бидат штетни за здравјето доколку потоа пиете од нив.

Освен тоа, екстремната топлина во автомобилите може да ги оштети батериите на сите уреди што ги користите, од компјутер до телефон.

Потоа, не се препорачува да се оставаат кремови за сончање во автомобилот бидејќи во може да експлодираат. На листата со работи што не треба да се оставаат во врел автомобил се секакви спрејови, како дезодоранс или лак за коса, кои може да предизвикаат експлозија доколку температурата достигне 48 Целзиусови степени.

Пластичните рамки на очилата за сонце може да се искриват и да ја сменат бојата, а леќата може да се изобличи. Некои лекови, како антибиотиците, треба да се чуваат на студено и не треба да се оставаат во автомобил кој ќе седи на сонце, како и некои производи за убавина, на пример, кармини.

Покрај тоа, лименките со газирани пијалаци може да експлодираат кога се изложени на екстремна температура. Дури и сокот од портокал може да експлодира доколку седи во автомобилот подолго време.

Конечно, запалката може да предизвика експлозија во автомобил оставен на сонце.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот