X
 21.10.2021 Забава

„Среќно во Америка“ - објавени досега невидени фотографии од испраќањето на „југото“ во САД

Помеѓу 1980 и 2008 година биле произведени 794.428 примероци на „југо“. Овој автомобил добил култен статус меѓу возачите во регионот, но и пошироко бидејќи се продавал дури до САД. Американците купиле 141.511 примероци „југо“ од вкупно 256.691 извезен автомобил, пишува „Јутарњи“.



Фото: motor1.com

Во САД се продавал за 3.990 долари кон средината на 80-тите години, па бил најевтин автомобил што можел да се купи таму. Сепак, Американците зборувале дека не виделе полошо составен автомобил, со толку застарена технологија, па наскоро моделот повеќе не се продавал, туку се подарувал со „кадилак“, според една легенда. Од „југото“ потоа студентите изработувале скулптури, а луѓето се инспирирале за вицови со автомобилот.



Најзаслужен бизнисмен за увозот на „југо“ во САД бил Малколм Бриклин. Со неверојатна агресивна маркетиншка кампања, Бриклин го прикажал моделот како невидено чудо, вистинска сензација од автомобил достапен за малку пари, па Американците на почетокот го порачувале на невидено.

Фото: motor1.com

На Бриклин му помагал бизнисменот Џонас Халперин, чиј 15-годишен син со фотоапарат го овековечил настанот „Југо оди во Америка“ во 1985 година. Неодамна Халперин ги објавил овие фотографии, кои се достапни на порталот „Мотор 1“.

На фотографиите се гледа фабриката на „Застава“, производните ленти, како и испраќањето на автомобилите во САД. Сите фотографии може да ги видите овде.

Извор: Jutarnji
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава