X
 27.01.2021 Живот

Прашање за експерти: Во кои насоки смее да се движи синиот автомобил?

Погледнете ја оваа ситуација во сообраќајот, па обидете се да дадете одговор за помалку од една минута.

Раскрсницата на фотографијата нема семафори и нема сообраќајци кои би можеле да го регулираат сообраќајот. На неа се наоѓаат три автомобили, чие движење е регулирано со еден „превртен триаголник“ и еден сообраќаен знак за известување.

Внимателно погледнете ја сообраќајната ситуација на раскрсницата, па обидете се да одговорите на прашањето: Во која насока смее да се движи синиот автомобил?

1. Само во насока Б;
2. Во насоките А и Ц;
3. Само во насока А;
4. Во насоките А и Б;
5. Во која било насока.

avtomobil
 

Одговор

Сообраќајот на раскрсницата е регулиран со сообраќајните знаци „превртен триаголник“, односно – вкрстување со пат со првенство на минување и знак што возачите ги известува дека зад него настапува прекин на пат со еднонасочен сообраќај.

Бидејќи ниту еден од овие знаци не забранува возење во ниту една насока, точниот одговор е под број 5 – синиот автомобил може да се движи во која било насока од понудените.

Но, ситуацијата на фотографијата остава можност за уште едно толкување.
Иако на раскрсницата не постои никаква дополнителна сообраќајна сигнализација, факт е дека еднонасочната улица од која автомобилите излегуваат на улица со првенство на минување има три коловозни ленти, па ситуацијата може да се реши така што автомобилите претходно би се престроиле во една од трите ленти, во зависност од насоката во која планираат да одат.

Иако тоа на оваа фотографија не е случај, во таквата ситуација точниот одговор би бил под реден број 3.

Извор: 6yka.com
Фото: 6yka
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот