Досега биле забележани случаи во кои по сообраќајна несреќа со возило на компанијата „Тесла“ за виновен бил прогласен автопилотот. Меѓутоа, во поголемиот дел од случаите на крајот било докажано дека во моментот на несреќата не управувал софтверот, туку контролата над возилото ја имал возачот. Доколку дојде до сообраќајна несреќа кога навистина управува автопилотот на автономното возило, кој ја сноси одговорноста?
Од „Тесла“ постојано предупредуваат дека нивниот автопилот, и покрај името, не е направен за самостојно да управува со возилото во секоја ситуација, туку станува збор за технологија која помага при возењето, но возачите мора да ги имаат рацете на воланот и да гледаат на патот.
Во случај да дојде до ситуација во која автопилотот не реагира навремено, возачот треба да преземе контрола и затоа тој е одговорен за она што се случува со возилото. Сега ова е потврдено и правно.
Во САД било одржано првото судење во кое била поднесена тужба против „Тесла“ поради нивниот автопилот, кој управувал со возилото за време на сообраќајна несреќа. Во тужбата, корисничката Џастин Хсу тврди дека нејзиниот автомобил „модел С“, додека бил управуван од автопилот, удрил во препрека, по што таа се здобила со повреди. Меѓутоа, било пресудено дека таа не е во право, односно било пресудено во полза на „Тесла“.
Еден од поротниците коментирал дека автопилотот е асистент во возењето кој бара целосно внимание од возачот, а не е направен за самостојно управување со автомобилот. Од „Тесла“ и претходно ја одбиле одговорноста за истата несреќа, со што се согласиле и поротниците и судијата.
Извор:
Zimo
Насловна фотографија: Pixabay