X
 15.09.2017 Живот

Триковите на Ричард Бренсон за јавен говор

Познатиот претприемач, милионер и иноватор Ричард Бренсон признал дека не сака јавни говори. Тоа е изненадување, со оглед на тоа дека постојано држи говори и предавања. Сепак, Бренсон има некои тајни трикови што му помагаат кога мора да држи говор во јавност.

Ова се 7 најважни принципи што може да ги научи секој што сака да биде подобар говорник, без разлика за каков вид говор се работи.

1. Говорете од срце

Бренсон не само што е нервозен кога треба да говори во јавност, туку и мрази извежбани говори бидејќи влеваат дополнителен притисок. За да одговори на предизвиците, применува едноставна тактика – зборува од срце. Како што вели изреката – единствена работа што не можете да ја лажирате е искреноста.

2. Покажете страст

Бренсон верува дека ако можете да зборувате страсно, вашата порака може да стигне до голем број луѓе и тие ќе ја разберат. Страста има универзален јазик и лесно се препознава. Не мора да бидете најдобар експерт, но треба да го сакате она што го претставувате. Мотивирајте ја публиката да верува во своите желби и да работи на нив.

3. Покажете смисла за хумор

Бренсон порачува да внесувате досетливи реченици на почетокот и на крајот од говорот. Да ја покажете смешната страна на сериозните работи и да го заклучите говорот со насмевка.

4. Бидете скромни

Во зависност од пораката, вашата скромност може да биде дел од пораката. Нема место за его кога е јавниот говор во прашање. Најдобрите говорници, како и најдобрите лидери, знаат зошто се таму каде што се – и дека тоа се постигнува доколку останат скромни.

5. Бидете автентични

Кога е во прашање поврзувањето со публиката, Бренсон препорачува да бидете оригинални. Немојте да се претворате во нешто што не сте, публиката тоа лесно го препознава. Бидете искрени, говорете од сопственото искуство и со тоа нема да погрешите.

6. Насочете се на тоа да дадете реални вредности

Бренсон секогаш се насочува кон тоа да ѝ донесе некоја вредност на публиката на која ѝ се обраќа. Сака на луѓето да им даде нешто вистински корисно во замена за нивното драгоцено време. Тој поаѓа од свое гледиште  - и неговото време е драгоцено, па не дозволува некој залудно да му го троши.

7. Надминете ја нервозата и продолжете

Иако јавниот говор не е омилената активност на Бренсон и го прави нервозен, сепак тој ја надминува и продолжува понатаму. Си дава шанса себеси да се чувствува удобно во тоа што му е „непријатно“.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот