Веројатно сте се нашле во ситуација да бидете на локација со пријател во која не познавате никого, или во која сте принудени да започнете разговор со тотални странци. Многумина би застанале во некој агол и би чекале да дојде време за заминување. Зошто?
Веројатно се соочуваат со одреден страв да комуницираат, сметаат дека ќе направат некоја грешка, имаат т.н. социјална анксиозност или некоја друга причина која ги спречува да уживаат во времето што го минуваат таму.
Зошто зборувањето со странци може да биде чудно?
Свесно или несвесно можно е странецот да биде личност која Ви се допаѓа, па затоа да чувствувате анксиозност, можеби сакате да станете добри пријатели или е некој кој би можел да Ве запознае со за Вас важни личности.
Често во вакви ситуации луѓето го анализираат она што го рекле и се плашат дека нешто ќе го натера другиот да замине од нив, особено ако проценил дека другиот има социјални вештини над неговите. Причината за анксиозноста може да се најде и во желбата да се остави добар прв впечаток.
Надминувањето на оваа состоба, која се смета за трет најраширен ментален проблем кај луѓето, е многу важна за личниот развој.
Како може да ја надминете социјалната анксиозност?
Колку и да Ви се чини голем проблемот, сепак не е нерешлив. Постојат многу техники со кои ќе го решите и со самодоверба ќе почнете да комуницирате со било кој од опкружувањето. Еве неколку од нив:
- Насмевнете се затоа што на тој начин им е полесно на другите да Ви пристапат. Ако сте сами и молчеливи во аголот луѓето може да сметаат дека сте студени и недружељубиви, а ако се смеете може да иницираат разговор и без да им пристапувате.
- Пред да почнете да зборувате не грижете се за исходот од конверзацијата или не поставувајте цели за тоа што сакате да извлечете од неа.
- Потсетете се дека тие се странци и дека сте го минувале животот и без нивното мислење, па дури и ако оставите лош впечаток тоа нема ништо да Ви смени.
- Ако зборувате, но не знаете како да го продолжите разговорот, избегнете ја желбата да продолжите да поставувате прашања. На овој начин тие ќе зборуваат повеќе, а ако поставувате прашања ќе имаат чувство дека се интервјуирани.
- Имајте на ум дека никој не сака чудна тишина и разговори, па ако се најдете во таква, и двете страни имаат подеднаква одговорност да ја разрешат таа ситуација.
- Интересирајте се за луѓето. Голем дел од социјалната
интеракција е според некој непишан протокол и е за неважни работи. Ретко се случува некој навистина да биде заинтересиран за другиот. Но, ако играта ја започнете Вие, не е исклучено дека и другите ќе се заинтересираат за Вас.