X
 15.09.2018 Живот

Како да се извините за луѓето навистина да ви простат?

Најдобрите извинувања доаѓаат од вистинска саморефлексија и разбирање. Сте направиле нешто лошо, сфаќате дека било погрешно и сакате да направите промена на подобро. Тоа не значи дека личноста што сте ја повредиле ќе го прифати вашиот гест на помирување.

Постојат моменти во животот кога ви е потребно некој да ви го прифати извинувањето за и двајцата да продолжите понатаму, меѓутоа другата личност не сака. Мисли дека не сте искрени и вашето извинување не е реално или, пак, не сака да ви прости. Во некои сценарија најдобро е да бидете трпеливи. Еден корисник на „Редит“ започна тема за тоа како да се извините:

- Ако направите грешка, признајте ја, извинете се и објаснете кои чекори ќе ги преземете за да спречите истото да се случи во иднина. Тешко е луѓето да викаат ако го направите тоа.

Но, постојат луѓе што одбиваат да признаат дека направиле грешка. Ако сте згрешиле, признајте веднаш и кажете дека ќе бидете подобри во иднина. Луѓето се збунуваат од личност што презема одговорност, па така ќе завршат заблагодарувајќи ви се за вашата сопствена грешка.

Дали ова е манипулација? Зависи. Во работната средина преземањето одговорност е тактика што не мора да игра на емоциите на пријателите и семејството кои ве сакаат - едноставно се обидувате да го пребродите денот и да ја задржите работата.

Преземањето одговорност за грешките е една од особините на добар работник. Сепак, треба да имате на ум дека постојат ситуации во секоја кариера кога ќе бидете соочени со нешто што би можеле да го спречите, но не било директно ваша одговорност.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот