X
 15.11.2017 Живот

Што е заедничко за ментално силните родители?

Воспитувањето на децата е тешко, а уште потешко е ако сакате да израснат во силни луѓе подготвени да се справат со реалниот свет. Освен што не е едноставно, вклучува и обврска на родителите да престанат да ги третираат децата како недоволно моќни, подредени и неважни, а самите родители треба да бидат ментално силни.

Какви се родителите што успеваат да ги изведат своите деца на вистински пат, успешен и среќен? Тоа се ментално силни родители кои ги имаат следните карактеристики.

1. Не прават жртва од своето дете

Вашето дете не е жртва ако се повредило на фудбалски натпревар или нешто слично. Одбивањето, неуспехот и неправдата се дел од сечиј живот. Не е добро кај детето да развивате чувство за самосожалување и потреба за претерување. Наместо тоа, ментално силниот родител ги охрабрува своите деца проблемите што ги имаат да ги претворат во своја сила за да направат вистински избор.

2. Чувството на вина не влијае врз нивните одлуки

Чувството на вина кај родителите може да доведе до погрешна стратегија во воспитувањето. Не треба на детето да му дадете нешто што обично не би му го дале, само затоа што ви било жал за ситуацијата во која се нашло. Бидете силни и доследни во вашите одлуки.

3. Децата не им се центарот на универзумот

Колку и да звучи погрешно, децата што растат во семејство во кое сè се врти околу нив претежно стануваат себични и самоориентирани. Ова сигурно не е добро за нивната иднина и прифаќањето во општеството.

4. Стравот не е тој што им ги формира одлуките


Чувањето на децата во стаклено ѕвоно, во кое ќе бидат изолирани од сè, не ги прави безбедни, а уште помалку претставува правилно воспитување. Ментално силните родители се водич низ животот, а не заштитници. Тие им дозволуваат на своите деца да излезат и да го искусат светот, дури и кога ги плаши тоа.

5. Не им дозволуваат на децата да имаат поголема моќ од нив


Децата што диктираат и одредуваат што ќе јадат, каде ќе одат и други важни прашања што се во надлежност на родителите имаат премногу моќ и со текот на времето почнуваат да наредуваат и се навикнуваат работите да бидат по нивно, што никако не е добро. Ментално силните родители се согласуваат децата да дадат мислење или став за одредена одлука, но исто така им даваат до знаење која е хиерархијата и кој одлучува.

6. Тие не очекуваат перфекција

Високите очекувања се здрави, но да се бара многу од децата често создава спротивен ефект. Ментално силните родители препознаваат кога децата не можат да преминат одредени граници.

7. Не дозволуваат децата да ги избегнат обврските


Никогаш нема да слушнете ментално силен родител да каже дека децата треба да бидат деца и дека не сака да ги преоптоварува со никакви обврски. Напротив, децата треба да научат нови вештини и да бидат свесни кои обврски ќе ги следат цел живот.

8. Не ги штитат децата од болка

Можеби најтешкото нешто е кога родителот гледа дека нешто го боли неговото дете. Но децата треба да вежбаат толеранција на непријатни чувства и болки. Потребна е поддршка, но претерувањето и постојаната грижа само ги влошуваат работите.

9. Не чувствуваат одговорност за емоциите на децата

Доживувањето на секоја емоција со нив, помагањето да се надмине, не помага во развојот на социјалните и емоционалните вештини. Ментално силните родители ги учат своите деца да не зависат од другите.

10. Не ги спречуваат грешките кај своите деца


Грешките се дел од животот и од нив се учи, а токму тоа го поттикнуваат ментално силните родители. Тие не ги поправаат грешките на своите деца.

11. Не мешаат дисциплина со казна

Казната не е исто што и дисциплината. Казната е буквално создавање страдање и болка кај детето (во која било форма), кога тоа нешто направило погрешно. Од друга страна, дисциплината го учи детето како да се подобри во иднина.

12. Секогаш ги имаат на ум животните вредности


Лесно е човек да се изгуби во денешниот свет и да ги заборави важните вредности. Хаотичниот распоред и притисокот од сите страни го тера човек да заборави на основните работи, и тоа е лош пример за децата. Ментално силните родители секогаш ги имаат предвид приоритетите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот