X
 20.03.2019 Наука

Луѓето не стануваат возрасни сѐ до 30 години

Дали некој некогаш ви рекол „порасни!“ во текот на вашите дваесетти години? Или ви е потребен изговор за сите глупости што сте ги направиле иако не сте биле во тинејџерските години?

Сега имате и официјална причина за тоа зошто не се однесувате како зрела возрасна личност.

Според научниците, луѓето не стануваат целосно возрасни сè до нивната триесетта година. Научниците што го проучуваат мозокот и нервниот систем велат дека возраста на која се станува возрасна личност е различна за сите. Нивните истражувања покажуваат дека луѓето на 18-годишна возраст сè уште поминуваат низ промени во мозокот што може да влијаат врз однесувањето, така што кај нив се зголемува веројатноста да развијат ментални здравствени нарушувања.

- Апсурдно е да бараме дефиниција за тоа кога човек се префрлил од детството во светот на возрасните - вели професор Питер Џонс од Универзитетот „Кембриџ“.

- Станува збор за посуптилна транзиција што се одвива во текот на три децении. Претпоставувам дека на системите како образовниот, здравствениот и правниот им е попогодно да имаат дефиниции за зрелост - додава тој.

Кога ќе стигнете до вашата 18-та година, можете да гласате, да пиете алкохол и ве третираат како возрасна личност, особено ако направите криминално дело. И покрај ова, професорот Џонс вели дека искусните судии ја препознаваат разликата помеѓу 19-годишен обвинет и обвинет кој е во доцните 30-ти години.

- Мислам дека системот се приспособува на она што се крие во обичен поглед. Нема детство, па потоа зрелост. Луѓето се на пат, на траекторија - вели Џонс.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука