X
 15.11.2018 Технологија

„Фајрфокс“ воведува многу корисна функција

„Фајрфокс“ наскоро ќе им претстави на своите корисници екстензија која ги следи цените на одредени артикли и праќа известувања во пребарувачот во случај на намалување или акција. Станува збор за „PriceWise“, екстензија која моментално е во тест-програмата на „Мозила“, а засега следи пет американски онлајн-продавници: Амазон, Бест бај, Хоум Депо, Ибеј и Валмарт.

Нештата како „PriceWise“ не се ништо ново. Најпознатиот претставник на следачите на цени е „CamelCamelCamel“, апликација која е специјализирана за „Амазон“, а слична функција има и „Keepa“. Сите овие услуги ја следат историјата на движењето на цената на одреден артикл и ги истакнуваат само најголемите попусти, за разлика од „PriceWise“, која ги истакнува сите.


Иако одамна имаме апликации за споредба на цени, ова е прв обид тие да се воведат како темелен дел на пребарувачот што, меѓу другото, значи дека ќе станат достапни за многу поголем круг на луѓе.

„PriceWise“ можете да ја преземете и да ја испробате на страницата на „Мозила“ - Test Pilot.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија