X
 15.11.2020 Технологија

Што да направите ако го наводените мобилниот

Доколку го потопивте мобилниот телефон со вода, обидете се да го спасите пред да се одлучите за нов. Меѓутоа, иако многумина веднаш би го ставиле телефонот во ориз, експертите велат дека тоа може да има полош ефект.

Пред сè, исклучете го телефонот и извадете ја СИМ-картичката. Оставете го отворен делот каде што стои СИМ-картичката за да не се зароби вода внатре. Избришете го телефонот со крпа.

Користете силициум диоксид во форма гел (не ориз)

И покрај тоа што сте го слушнале, ставањето на телефонот во ориз нема да го исуши телефонот и може да направи повеќе штета. Прашина и мали делови од оризот може да се заглават во внатрешноста на телефонот. Затоа, подобро е да користите пакети со силициум диоксид во форма на гел. Овие пакетчиња се користат во пакувани производи (како кутии за чевли) за да се апсорбира влагата. Ставете неколку пакетчиња под телефонот и врз него и оставете го така неколку часа.

Оставете го да се исуши

Ова може да звучи премногу едноставно, но оставањето на телефонот да се исуши е поефикасно отколку што мислите. Ставете го телефонот на рамна површина, на крпа во сува и топла соба. Оставете го телефонот да се суши најмалку 24 часа, а добро е и повеќе, пред да го вклучите.

Автор: Ерика Јанг
Извор: rd.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија