X
 04.08.2019 Живот

Зошто не е добро користењето на пластичните шишиња?

Повеќето од нас без размислување си ставаат вода за пиење во веќе искористени пластични шишиња. Но, дали тоа е добро за нас?

Сè повеќе се трудиме да ја чуваме околината и едно шише го користиме повеќе пати, но не размислуваме колку му наштетуваме на нашето здравје. Експертите и предупредуваат дека повеќекратното користење на пластичните шишиња е штетно за нашето тело.

И тоа поради бисфенол А, познат по кратенката БПА. Станува збор за хемиска супстанца која се користи во производство на пластични предмети, вклучително и на пластичните шишенца кои постојано ги користиме.

Оваа состојка може лесно да се испушти од амбалажата во водата која ја пиеме и да поттикне брз раст на бактериите, кои можат да го загрозат нашето здравје. Токму поради тоа експертите советуваат и избегнување на пиењето течности со пластични сламки.

-Дури и производите на кои е назначено дека нема БПА не се целосно сигурни за користење бидејќи наместо БПА се користи заменска состојка која може на ист начин да го загрози здравјето - вели Кент Атертон, извршен директор на „Пјури Блок“.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот