X
 16.02.2015 Технологија

Како да ослободите меморија на вашиот "iPhone"?

Ајфоните се забавни и интересни се' додека не го преземете новиот оперативен систем или нова апликација или направите фотографија. Одеднаш, добивате предупредување дека немате доволно меморија на телефонот. Што да правите? Време е за чистка!


Исклучете ги апликациите на почетниот екран.

Иако сте притиснале на копчето за „Дома“, вашите апликации се' уште работат во позадината. Двоен клик на копчето за „Дома“ ќе ви ги отвори сите апликации, кадешто може да ги исклучите.


Избришете ги пораките

Секогаш кога и' пишувате на мајка ви го полните телефонот. Редовно прегледувајте ги пораките во телефонот и избришете ги оние кои не ви се потребни.


Чувајте само песни кои ги слушате

Можеби сакате да ги имате сите ваши сакани песни достапни во секој момент, но тие одземаат простор кој може да биде искористен покорисно.


Оптимизација на фотографиите

Доколку имате многу фотографии, ова е за вас - оптимизација на чување на фотографиите. Тоа значи дека вашите фотографии ќе бидат зачувани на таков начин за да штедат место на телефонот.


Избришете ги бескорисните апликации

Тука се наоѓаат сите кои никогаш не ги користите или сте заборавиле дека сте ги имале. Ослободете се од електронската пошта, епизодите кои не ги слушате од одредена апликации и слични додатоци кои само се натрупуваат и „множат“ во апликацијата.


Користете апликации за чување меморија 

Апликациите како „Shutter“ ги чуваат вашите фотографии онлајн.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија