Народниот театар од Битола деновиве прослави 77 години од своето постоење. По повод роденденот се одигра претставата „Сомнително лице“, а претходно посетителите имаа можност да ја погледнат изложбата „Театарски скици“ на фотографите Петар Ставрев и Сашо Ставрев.
- Битолскиот театар повеќе од 77 години е културна институција и централно место на културните случувања во градот и игра огромна улога во стекнувањето на првите културни искуства за новите генерации, додека постарите генерации битолчани биле и сѐ уште се наша верна публика која ги полни салите секојдневно, па дури и во овие тешки времиња. За нас оставаме да зборуваат наградите, публиката, успехот - соопштуваат од битолскиот театар.
Во периодот од 1944 до 1980 година претставите се играле во првата театарска зграда во Битола, изградена во 1908/1909 година по наредба на битолскиот валија Абдул Керим-паша, а од 1980 година, со уривањето на стариот и изградбата на нов современ објект, битолскиот театар ги изведува претставите во свои простории - Домот на културата во овој град.
фото: ФБ-страница на Народен театар - Битола