Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) е дел од проектот ПРОМЕТЕЈ, чија примарна цел е развој и поддршка на иновации и претприемништво помеѓу пет високообразовни институции (ВОИ), два истражувачки центри и едно претпријатие во областа на дигиталната трансформација, поврзано со циркуларна економија, климатски промени и одржлив развој. Во негови рамки се поставени следниве цели: развој на партнерства меѓу високообразовни институции; истражувачки организации и бизнис-институции; развој на висококвалитетни образовни програми од областа на иновации и претприемништво во циркуларна економија; развој на алатки и услуги за поддршка на иновациите и претприемништвото.
Проектот е финансиран од ЕИТ иницијатива за ВОИ: Градење капацитети за иновации во високото образование. Оваа нова иницијатива на Европскиот институт за иновации и технологија се стреми да ги зајакне капацитетите за иновации и претприемништво во високообразовните институции.
Во рамките на проектот, УКИМ соработува со следниве партнери од проектниот конзорциум: водечкиот партнер Егејски универзитет - истражувачка единица, Грција, универзитетот од Твенте, Холандија, „Ла САПИЕНЦА“ од Рим, Италија, универзитетот од Патра, како и Националниот институт за истражување и развој на биоресурси за храна, Романија, Европската регионална рамка за соработка и компанија Crowdpolicy од Грција.
Преку ЕИТ иницијативата ПРОМЕТЕЈ е помеѓу 20 проекти финансирани од програмата Хоризонт Европа, чија реализација ќе се одвива во две фази, развојна и имплементирачка фаза.
Бидете во тек со сите проектни активности во следниве неколку месеци преку веб-страницата на ПРОМЕТЕЈ!