X
 12.08.2019 Образование

Антикорупциска побара кривична одговорност од ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска соопшти дека било утврдено оти ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, земал две плати, една од клиниката за дигестивна хирургија и една како ректор на УКИМ. По изборот како ректор, тој не го ставил во мирување своето работно место на дигестивна хирургија, а согласно законот - требало.
Преточено во овој случај, како што рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, 70 отсто од времето тој може да го користи како ректор, а 30 отсто може да го комбинира како професор и како хирург.

Од ДКСК предлагаат од директорот на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје, Зоран Караџов, да се побара кривична одговорност за злоупотреба на службената положба. Ќе има и кривична одговорност за ректорот, кој требало да го достави барањето до Клиничкиот центар, но не го направил тоа и се стекнал со материјална корист. Комисијата предлага да се испита и кај другите универзитети дали е слична состојбата.

 - ДКСК предлага Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје да донесе решение за ставање во мирување на работниот однос на Никола Јанкуловски, да се усогласат договорите меѓу Сенатот и ректорот во согласност со Законот за високо образование, да се утврдуваат критериумите за одредување на висината на платата на ректорот, тоа што досега не е средено со закон како работен однос на ректорот, рече на денешната седница членот на ДКСК, Шемши Салаи.

Извор: МИА


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование