X
 15.12.2020 Живот

Влада: Угостителите ќе затвораат во 18 часот. Мерката ќе трае до 20 јануари

„Празнувај одговoрно“ е мотото на мерката што Владата ја прифати на денешната седница, со која угостителските објекти ќе работат до 18 часот за да се спречи ширењето на Ковид-19 за време на празниците. Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести (КЗБ) и го усвои новиот пакет рестриктивни мерки кои ќе траат од 18 декември до 20 јануари. Премиерот Зоран Заев рече:

- Не треба да дозволиме поради празнувањето да предизвикаме ескалација на Ковид-19.

Ограничувањето завршува на 20 јануари на полноќ, а целта е да не се зголеми бројот на заболени додека не почне периодот на вакцинација. Заев рече дека веќе имало владина помош за угостителите кои ќе бидат погодени од оваа мерка, и нагласи дека во моментот треба повеќе да се мисли на здравјето отколку на профитот. Заев рече дека и самиот ќе се вакцинира. Тој нагласи дека веќе е уплатен аванс за повеќе од 830.000 вакцини.
- Први вакцината ќе ја добијат здравствените работници и сите оние што се во директен контакт со заболени. Но, мора одговорно да ги пречекаме Новата година и Божиќ - рече Заев.

Претседателот на КЗБ, д-р Жарко Караџовски, рече дека не можат да забранат славење на празниците.
- Не можеме да ограничиме кој каде ќе оди. Но, тоа да биде одговорно, со почитување на мерките. Да не се групираат луѓе кои до моментот на прославата не биле одговорни, не носеле маска и не ги почитувале мерките за заштита. Од собир со позитивна идеја да не излезе кластер - рече Караџовски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот