X
 30.07.2018 Живот

Анализа: Премиерот Заев и десет министри се активни на три социјални мрежи

Премиерот Заев и десет министри од Владата на Република Македонија се активни и имаат свои профили на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм, пренесува МИА. Од вкупно 26 министри, 23 активно користат Фејсбук. Анализата е спроведена од 23 до 28 јули годинава, а ја направил Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми.

Само двајца членови на Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот Роберт Поповски, воопшто немаат свои профили ниту страници на овие социјални медиуми.
Заклучок од анализата е дека сите министри треба да имаат активни канали на социјалните медиуми. за да ја вклучат целата јавност во комуникациската стратегија на Владата.



- Така дополнително ќе ја покаже својата заложба за отчетност и транспарентност. Секој заинтересиран граѓанин, активен онлајн, ќе има можност да биде запознаен со активностите на одреден член на владата и ќе има можност да даде свој став – вели Кордалов.

Анализата покажала дека поголем број на членовите на владиниот кабинет и нивните тимови секојдневно објавуваат содржини за своите активности на Фејсбук и имаат отворени профили. Повеќе од половина од министрите имаат истовремено свој профил, но и страна на овој социјален медиум.
Зголемување е забележано кај Твитер кој годинава го користат 14 членови на Владата. Исто толку се присутни и на Инстаграм. Според анализата, лани Твитер користеле осум министри, додека вкупно 10 биле активни и на Инстаграм.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот