Се чини дека паметните телефони се неизбежни на денешницава и светот не би можел да се замисли без нив за најмладите генерации. Мобилните уреди напредувале толку што во нив се наоѓа сè она што е потребно за извршување на голем дел од дневните обврски и активности.
Колку и да звучи нереално, крајот на паметните телефони се ближи. Неколку различни истражувања покажале дека денешните мобилни уреди ќе бидат заменети со нов вид уреди за комуникација.
Имено, „Едукација“ пренесува дека на паметните телефони им се дава уште 5 години, по кои ќе настапи нова ера во комуникацијата.
Според претпоставките, луѓето со себе нема да носат уреди, туку ќе ги имаат на себе, а овие уреди ќе располагаат со вештачка интелигенција, па затоа ќе бидат лесни за користење.
Новите уреди кои ќе работат со вештачка интелигенција нема да бидат само алатка за информирање, ами ќе служат и како замена за наставниците, лекарите, советниците и сл.