Изумителот на Андроид софтверот, кој е застапен на милиони телефони, открива нов геџет кој ветува нешто уникатно.
фото извор: BBC
На прв поглед, телефонот „
Essential“ изгледа како и секој телефон кој е презентиран од појавата на „iPhone“. Но, новиот телефон е дизајниран за сопствениците да можат да додаваат хардвер за да ги менуваат функциите.
Екранот се протега на речиси целата површина, односно дисплејот е речиси до врвот на телефонот, до предната камера.Телефонот е направен од комбинација на титаниум и керамика, што би требало да значи дека ќе биде навистина издржлив. Во рамките на телефонот има и камера од 360 степени, која служи за панорамски фотографии.
Телефонот може да се нарача онлајн во САД за 700 долари и дополнителни 50 долари, доколку корисникот ја сака и камерата од 360 степени.
Специфики и додатоци:
• Тежина: 185 grams
• Резолуција на дисплејот: 2560 x 1312 QHD
• Екран: „10 finger multitouch with “palm and water-error rejection“
• Читач на отпечаток на прсти
• Микрофон: „4x microphones with noise cancellation“
• Предна камера: 8MP
• Камера: 13MP Dual RGB и Mono camera.
• Батерија: 3040mAh
• Меморија: 4GB RAM и 128 GB drive storage