„Инстаграм“ на своите корисници им испрати повик за вклучување во групи тематски поврзани со училиштата што ги посетуваат. Корисниците се избрани врз основа на други кориснички профили што ги следат, профили со кои се поврзани и јавни објави.
Оние што одлучиле да ја пробаат новата функција мора да се согласат на усовршување и да го изберат својот факултет и годината кога дипломирале. Кога ќе се приклучат, на располагање им е листа со луѓе од истата година и предметите што ги имале, како и јавни „Сторис“ во рамките на листата.
Со тоа, „
Инстагам“ веројатно настојува и понатаму да ја задржи помладата публика, која во сѐ поголема мера ѝ го врти грбот на „Фејсбук“. Сепак, ќе биде потребно малку повеќе за изработка на оваа функција за подобро да се заштити приватноста на корисникот.