Цената за 1 литар сирова нафта изнесува приближно 0,21 долари, односно 11,91 денари. И таа не престанува да паѓа.
По падот од 27% во 2015 година, цената за барел паднала дополнителни 12% од почетокот на годината. Во моментот на анализата на платформите на „Admiral markets“ таа изнесувала 33,42 долари.
Земајќи предвид дека барелот содржи 159 литри, излегува дека цената за 1 литар нафта изнесува 0,21 долари, односно 11,91 денари.
Што се случува со нафтата?
Главната причина за ненадејниот пад на цената на нафтата е пресвртот во политиката на Саудиска Арабија, која повеќе не сака да го намалува производството кога цената на нафтата е ниска. Новата цел на Саудиска Арабија е да го уништи производството во другите земји за да го задржи високиот удел во вкупното глобално производство на нафта со која доаѓа и големото влијание на цената на подолг рок.
Но планот не се одвива онака како што Саудиска Арабија замислила. Производството во другите земји не паѓа доволно брзо, па пазарот и понатаму е презаситен со нафта.
Аналитичарите
сметаат дека продажбата на нафтени договори која се одвива во моментов ќе придонесе кон растот на цената на нафтата.