X
 14.01.2016 Технологија

Како да го полните ајфонот брзо и ефикасно?

Најголемиот проблем на корисниците на телефоните од „Apple“ не е решен ни во најновиот модел од ајфонот - 6с. Се работи за проблемот со краткотрајноста на батеријата.


Додека чекаме на компанијата еден ден да создаде телефон со батерија која трае подолго, најдоброто нешто што може да го сториме е да ја искористиме оваа батерија најдобро што можеме и да ја полниме што побргу. Како да го сториме тоа?

Режим за летање

Идејата е радикална, но со ова се исклучува мрежата на телефонот, а се затвораат и апликациите кои функционираат во позадина. Сето ова заштедува енергија и го забрзува полнењето.

Ставете го со опачината нагоре


Ова не е корисно за намалување на времето поминато на „Snapchat“. Чувањето на ајфонот со екранот свртен надолу го спречува екранот да свети секогаш кога ќе добиете известување.

Полнете го на собна температура

Не очекуваме од вас да го полните телефонот во фрижидер или печка, но одбегнувајте студени или жешки места за полнење. Истражување покажано дека батеријата од телефонот се оштетува доколку е ставена на температура над 30 целзиусови степени.


Режим за штедење на батеријата

Ова помага за побрзо полнење на батеријата бидејќи оневозможува некои аликации кои ја трошат батеријата, како „Сири“ или автоматските преземања. Да го направите ова одете во Settings > Battery > Low Power mode.

Користете полнач од 2,1 ампери

Оној полнач кој доаѓа заедно со телефонот не е најдобра опција. Најдобро е да се користи полнач од 2,1 ампери, каков што се користи за полнење на сите ајпеди.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија