Сите го правиме тоа. Токму пред да заспиеме, проверуваме новости на „Фејсбук“ или гледаме слики на „Инстаграм“. Нема ништо штетно во тоа, зарем не? Впрочем, ова е штетно за телото и е слично како пиење дупло еспресо пред спиење.
Имено, екраните на смартфоните испуштаат сина светлина за да може во нив да гледате и за време на најсончевите денови. Но, навечер, мозокот се збунува од оваа светлина и гледа кон неа како сончева светлина, поради што го пореметува телесниот ритам што одредува кога телото испушта хормони.
Така, секогаш кога навечер го проверувате телефонот, вашиот мозок добива порака да не лачи мелатонин - хормонот кој прави да се чувствувате уморни.