X
 19.01.2016 Технологија

Проверете што ја троши батеријата на вашиот телефон

Доколку го проверувате вашиот Инстаграм секоја минута, не е чудно тоа што батеријата на вашиот ајфон се троши брзо. Но, доколку користите различни апликации умерено, а сепак вашата батерија се троши брзо, треба да проверите во што е проблемот.


Компанијата „Apple“ овозможува секој корисник да открие кои апликации најмногу ја трошат батеријата на телефонот. Одете во „Settings“, па „Battery“ и „Battery usage“.


Тука ќе ги пронајдете сите апликации во телефонот во редослед според трошењето на батеријата. Ќе ги видите податоците за батеријата во последните 24 часа, но има и опција за последните 7 дена.

За повеќе детали, притиснете на иконата со часовникот од десната страна. Тогаш ќе добиете податоци за часовите за време на кои активно сте ги користеле сите тие апликации.


Тука може да видите и колку батерија трошат апликациите кои работат во позадина. Ова може да го оневозможите со одење во „General settings“ и „Background app refresh“.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија