X
 15.01.2016 Технологија

Што да очекуваме од новата верзија од iOS 9.3?

Оваа недела дел од корисниците ја тестираа најновата верзија на оперативниот систем на „Apple“. Нивните коментари се позитивни и ветуваат многу. Компанијата сè уште не го открила датумот на официјалното излегување на верзијата, но „iOS 9.3“ ќе носи големи промени.


Ноќна смена

Со часовникот и геолокацијата на уредот, бојата на телефонот или таблетот ќе се менува кон потоплиот крај на спектарот по паѓање на ноќта, а ќе се врати во нормала наутро. Ова е за корисниците да спијат подобро со тоа што ќе бидат помалку изложени на сина светлина ноќе.

Белешки

Малата апликација за бележење на уредот е одлична. Со новата верзија белешките ќе може да бидат чувани според датумот или по азбучен ред. Овие белешки ќе може и да ги заклучувате со лозинка или отпечаток од прст.

Здравје

Категориите како тежина, вежбање и спиење сега ќе имаат мени кое ќе нуди одлични апликации од областа на здравјето, пишуваат од компанијата.

„Carplay“

Ви треба локално кафуле или ресторан? Оваа апликација во мапите ќе ве насочи во вистинската насока со едно притискање на копчето. Ќе има и нови можности за слушање музика.

Вести

Новиот оперативен систем ќе ви ги даде вестите кои ги сакате само вие. Корисниците ќе имаат можност да добиваат персонализирани вести според своите интереси.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија