X
 20.01.2016 Наука

Колку често се туширате?

Постојат спротиставени ставови за тоа колку пати неделно треба да се тушираме. Во зависност од вашиот тип на коса и кожа, туширањето секој ден може да е подобро за вашата кожа, или пак полошо доколку вашата кожа е особено чувствителна.

 

туширање


Прекумерното туширање може да предизвика негативни ефекти врз косата како на пример создавање метил, додека прекумерната употреба на производи за туширање може да предизвика зголемена потрошувачка на производот.

Истражување направено минатата година открива дека четири од пет жени не се тушираат секој ден, додека третина велат дека не се тушираат скоро три дена.

Друго истражување, спроведено од истражувачите на универзитетот во Манчестер, Единбург и Ланкастер и Саутемптон, покажува дека три четвртини од испитаниците се туширале барем еднаш на ден.

Но дали луѓето во целост прекумерно се тушираат? Дали постои одреден број на туширање кој луѓето треба да го следат во текот на неделата?

Според професорот Стивен Шумак, претседател на австро-азискиот колеџ за дерматолози, потребно е да се туширате само кога има потреба.

„Во последните 50 до 60 години (од доаѓањето на бањите со тушеви) идејата за дневно туширање стана вообичаено. Притисокот човек да се тушира е всушност социјален притисок, а не вистинска потреба. Стана популарно поради социјалната потреба да мирисаме убаво. Но, само жлездите под вашите пазуви и препони произведуваат мирис на телото. Тие не се низ целото тело“.

Шумак исто така предупредува дека туширањето со жешка вода на дневна база предизвикува повеќе штета отколку придобивка. „Прекумерното туширање предизивкува хемиско распуштање на демрални липиди, од кожата, при контакт со агенти. Ослободувањето од природните масла на телото кои ги произведуваме за заштита на клетките на кожата, може да предизвика вистинска штета со што сме повеќе склони кон бактерии или вируси, предизвикувајќи чешање на кожата, сувост, млитавост и влошување на условите како на пример егзема“.

Еден професор тврди дека се` додека се фокусирате на „правилните области“, не треба да се туширате премногу често. Џон Оксфорд, професор по вирологија на Факултетот за медицина и стоматологија, вели: „Се` додека луѓето ги мијат рацете доволно често и обрнуваат внимание на областите од телото под појасот, туширањето и капењето секој втор ден нема да бидат штетни“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука