X
 27.02.2018 Наука

Кој објект направен од човекот е најоддалечен од планетата Земја?

1

Најоддалечениот човечки објект денес е 21 милијарда километри оддалечен од Земјата.

Најоддалечениот човечки објект е вселенското летало „Војаџер 1“, кое кон крајот на февруари 2018 година ќе биде над 21 милијарда километри оддалечен од Земјата. „Војаџер 1“ и „Војаџер 2“ биле лансирани во 1977 година. И двете вселенски летала летале покрај Уран и Нептун. Сега и двете вселенски летала се упатуваат кон нашиот Сончев Систем, во вселената меѓу ѕвездите. „Војаџер 1“ официјално стана првото човечко летало што го напуштило Сончевиот Систем, преминувајќи ја хелиопаузата во 2012 година.

Леталата биле дизајнирани во 70-тите години. Биле изградени за да ги искористат предностите на ретката групација на планети на едната страна од Сонцето во нашиот Сончев Систем. Оваа групација, што се случува на 176 години, им овозможува на леталата да слетуваат од една до друга планета, преку гравитациони асистенции.

Леталата „Војаџер“ почнале да создаваат слики од Јупитер во јануари 1979 година. „Војаџер 1“ ја завршил мисијата на Јупитер во април 1979 година. „Војаџер 2“ продолжил онаму каде што првото летало застанало. Двете вселенски летала направиле повеќе од 33.000 слики од Јупитер и од неговите пет големи сателити.

2
Фото: Wikimedia Commons

А потоа отишле чекор подалеку. Кога биле лансирани, ниту едно вселенско летало не стигнало подалеку од Сатурн, што е 10 пати поголемо од растојанието меѓу Земјата и Сонцето. Четиригодишното патување до Сатурн бил огромен скок, при што двете летала пристигнале во Сатурн со деветмесечна оддалеченост, во ноември 1980 година и август 1981 година.

Денес, двете летала „Војаџер“ патуваат веќе 41 година.

Во 2017 година астрономите со помош на вселенскиот телескоп „Хабл“ го анализирале патувањето на овие вселенски летала. За 40.000 години, долго откако двете вселенски летала нема да бидат во функција, „Војаџер 1“ ќе има поминато 1,6 светлосни години на ѕвездата Глие 445, во соѕвездието Камелопардалис. Во меѓувреме, „Војаџер 2“ е на 17 милијарди километри  од Земјата.

1
Фото: Space.com
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука