X
 21.01.2016 Култура

Како се користи јавниот превоз во Шведска?

Уште при самата помисла на градски превоз вие започнувате да се нервирате од помислата на гужва, долгото чекање на станиците и сета останата магија која имаме можност да ја сретнеме доколку редовно го користиме јавниот превоз.

 

1


Она што претставува како пример е културата на возење велосипеди во Шведска. Иако велосипедите се најзастапеното превозно средство, Швеѓаните сепак користат и градски превоз. Доколку досега не сте имале можност да ја посетите оваа прекрасна земја, тогаш сигурно не ги знаете правилата за употреба на јавен превоз, а богами ги има.

1. Чекање превоз

Можеби не сте знаеле, но Швеѓаните не сакаат нивниот личен простор да биде нарушен. За разлика од нас, кои сите стоиме на автобуската станица стиснати еден до друг чекајќи го автобусот, Швеѓаните го чекаат автобусот со растојание од најмалку еден до два чекор еден од друг. Можеби за некој ова е чудно, меѓутоа така е.

 

3


Значи, доколку планирате да ја посетите Шведска, држете пристојна оддалеченост од останатите луѓе.

2. Распоред на седење


Верувале или не, во Шведска се почитува и распоредот на седење. Ова се неколку правила кои морате да ги почитувате:

- Седиштата наменети за постари луѓе и трудници се исклучиво наменети за нив и не се обидувајте да им го земете местото.

- Во превозот постојат означени места за луѓе со инвалидски колички и за мајки со колички за бебиња. Ова мора апсолутно да го почитувате и да го ослободите овој простор.

- Никако не заборавајте да им отстапите место на трудниците, мајките со мали деца и постарите личности.

- Доколку предв вас се наоѓа празно место, немојте на него да оставите торба или работи со кои би го зазеле местото, тоа се смета за доста некултурно.

- Воздржете се од коментари и разговор со личноста која седи покрај вас (не е како кај нас кога постарите не` прашуваат: „А ти кај одиш на училиште/факултет?“ како и класичните теми за политиката и времето). Држете се до читање на книга или слушање музика.

 

4


Сигурно сега се прашувате каде да седнете. Се почитува едно доста практично правило. Прво се пополнуваат местата до прозорецот, па после се пополнуваат останатите седишта. Незамисливо е некој да се „провлечи“ за да седне до прозорецот во текот на возењето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура