X
 21.01.2016 Забава

Решете ја загатката - Колку риби останаа во аквариумот?

94% од луѓето не успеваат да ја решат оваа загатка. Дали ќе бидете меѓу останатите 6%? Доколку комплицирате во животот и во размислувањето - загатката воопшто нема да ви биде лесна.  Загатката гласи:

Во аквариум се наоѓаат 10 риби. Две риби се дават, четири пливаат далеку, а три умираат. Колку риби остануваат во аквариумот? Одговорот е прилично едноставен и се наоѓа подолу, меѓутоа обидете се да ја решите без да ѕиркате.

 

риба



 

 

Точниот одговор е: 10 риби се и понатаму во аквариумот. Како е можно? Па, не е забележан случај на давење на рибите, па со оглед на ограничениот стаклен аквариум во кој пливаат, тешко дека ќе успеат да избегат, а иако три риби умреле, сепак тие се`уште се наоѓаат во аквариумот. Се` додека другите не ги изедат.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава