X
 11.08.2016 Забава

Телетекстот се враќа

Група на носталгичари повторно го вратија познатиот ТВ сервис, телетексот, претставувајќи го во преработена верзија.

 

телетекст


Софтверските инженери и дигиталните уметници создадоа сервис скоро ист како телетексот кој беше исклучен во 2012 година, а нудеше информации за времето како и игри.

Новиот сервис, наречен Teefax, прикажува твитови, шеги и вести.

Питер Кван, инженерот кој го водел проектот вели дека сака да создаде онлајн архива од старите страни на телетексот од Британија, Германија и Франција.

Питер објаснува дека откако телетекстот беше исклучен пред четири години, тој заедно со неколку пријатели одлучиле да го вратат.

„Слично е како денес да се вратат парните машини. Сосема е бескорисно, но ни го привлекува вниманието“.

 

1


Сега Кван го контактираат уметниците кои сакаат да соработуваат на проектот. Дан Фаримонд, дигитален уметник кој планира да создаде уметнички дела за Teefax вели дека е една од најчистите форми на дигитална уметност.

Ceefax, првата јавна услуга за телетекст била лансирана во 1974 година и се користела за спортски резултати, информации за времето, преводи и програмски водичи се' додека беше запрен пред 40 години подоцна откако аналогната телевизија ѝ го отстапи местото на дигиталната.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава