Кина ја завршува изградбата на најдолгиот стаклен мост меѓу планини во Националниот парк Тијеменшан.
Мостот е долг 430 метри, а се наоѓа на висина од 300 метри. Под него се наоѓа провалија. Мостот кој ги поврзува планините се наоѓа во провинцијата Хунан и може да издржи 800 луѓе истовремено.
Првиот стаклен мост долг 300 метри бил направен во оваа провинција во септември минатата година во Националниот геолошки пар Шиниузаи. Од новиот мост е оддалечен 500 километри.
И покрај тоа што еден стаклен мост пукна поради тежината на туристите и е затворен за јавноста, Кина сепак продолжува со овие амбициозени проекти кои вклучуваат стаклени површини.