X
 07.05.2021 Забава

Растечки тренд во Кина: Голем број луѓе се одлучуваат да станат сирени

Дали навистина изненадува тоа што најголемата светска организација за обука на нуркачи ја учи новата генерација на нуркачи за уметноста и техниките на сирените?

Организацијата ПАДИ сега нуди четири нивоа на сертификати за нуркање како сирена, што во суштина е слободно нуркање, но со голема, а понекогаш и тешка вештачка опашка за која е потребен поинаков вид движење.

Луѓето отсекогаш ги привлекувале форми на екстремно движење, а уште од античко време активности како банџи-скок, сурфање со примитивни штици, скијање со парчиња дрво покриени со кожа и крзно им овозможиле на луѓето алтернативни начини да се движат и да им го подигнат адреналинот.

Современите технологии овозможуваат уште поголеми авантури, па сега луѓето користат падобрани или во овој случај вештачки опашки од сирена за да ја продолжат адреналинската забава.

Курсевите за нуркање како сирена ги одржува Дада Ли, првата Кинеска што има магистратура за слободно нуркање. Таа го создала првиот професионален тим за подводни перформанси составен само од слободни нуркачи.

2
Фото: PADI

- Бев инспирирана од филмот „Сплеш“ од 1984 година. Протагонистката е сирена која живее во морето. Оттогаш сликата живее во мојата глава. Опашката на сирената ги спојува двете нозе за да не можат да се движат слободно, па затоа треба да ги користиме стомакот и струкот за да се движиме како делфин. Потребна е вежбање за да го направите ова движење елегантно како вистинска сирена - вели Дада Ли.

Уште од 2012 година Ли била воодушевена од слободното нуркање, вештина што вклучува длабоко разбирање на човечката физиологија и која не вклучува никаква опрема, туку обични перки и очила за нуркање. Таа беше првата жена-инструктор за слободно нуркање во Кина, каде што сега ја извршува позицијата амбасадор на ПАДИ.

sirena
Фото: PADI

Ли одлучила да ги искористи своите вештини за да го оствари својот сон да стане сирена и со тоа наишла на спорт за кој сите се интересираат и е доста популарен низ светот.

Пазарот за нуркање како сирена расте, не само во однос на издадените лиценци, туку и во однос на барање места како мегаодморалишта кои редовно плаќаат настапи во живо со сирени.

Извор: Good News Network
Фото: PADI
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава