Д-р Ден Перлман, биофизичар од Универзитетот Брандеис заедно со инженерот Д-р Грег Вајдберг создадоа револуција во шишињата за вино создавајќи шише кое не дозволува да капне ниту една капка вино.
Сите знаеме дека кога се налева вино, течноста тече од шишето и таа паѓа и прави неред. За да го спречи ова, Д-р Перлман заедно со Д-р Вајдберг се сетиле да стават длабнатина од страна на шишето - па на овој начин вишокот на вино не оди надолу, туку паѓа директно во
чашата.
„Не сакав да има дополнителни трошоци или купување на дополнителна опрема“, вели Д-р Перлман.
Генијално, нели?