X
 24.01.2016 Живот

Начини како да станате ранобудни

Доста е тешко да се биде ноќна птица во светот кој цени ранобудни. Дали постои некаква надеж за ноќните птици? Овие совети би можеле да им помогнат на сите оние кои не сакаат да одат да си легнт рано, а сепак мораат да станат подоцна.

 

1


1. Запрашајте се зошто сакате да станете рано

Да бидеме искрени. Не можете да се натерате да станете рано туку така. Пред да си легнете, запрашајте се: „Што добивам со тоа што ќе станам рано?“. Каков и да е вашиот одговор, мора да бидете сигурни дека тоа навистина и го сакате бидејќи токму овој одговор ќе си го дадете кога ќе сфатите дека не можете да станете од кревет.

2. Постепено навикнувајте се


Наместо секој ден да одите на спиење во исто време, подобро решение е да одите на спиење 15 минути порано и да станете 15 минути порано од претходно. Разликата нема ни да се почувствува. Доколку секој ден ова време го зголемувате за уште 15 минути, ќе станувате рано за помалку од месец дена.

3. Нека опкружувањето ви оди во прилог

Отстранете ја технологијата и немојте да гледате телевизија најмалку еден час пред спиење. Нека температурата во собата ви биде пониска од обично и обидете се да отстраните било каква светлина од собата.

4. Попладневна дремка

Доколку сакате да спиете во текот на денот, најдобро е тоа да го направите во период од седум часа после вашето будење. Доколку веќе поминале седум часа, а вие сепак одлучите да спиете, ризикувате целосно да си го уништите сонот и повторно да станете ноќна птица.

5. Кампувајте

Истражувањата покажуваат дека доколку поминете недела дена без вештачка светлина, ќе успеете да заспиете со заоѓањето на сонцето и ќе се будите веднаш штом изгрее.

Затоа е важно да кампувате. Оставете ја технологијата дома. После седум дена ќе започнете да се будите рано.

 

2


6. Читајте книги наместо вести


Меилови ве асоцираат на работата, а вестите само ви го зголемуваат стресот. Наместо тоа, читајте книги. Најдобро би било да читате кратки приказни пред спиење или романи кои веќе сте ги прочитале.

7. Создадете си навика


Доколку нешто правите често пред спиење, тогаш на вашето тело му испраќате сигнали дека е време за одмор. На пример, можете да се истуширате и потоа да читате книга 15 минути пред спиење. Доколку доволно долго ги извршувате овие навики, телото брзо ќе ги сфати сигналите. Важно е активностите да имаат одреден ред и да ги исполнувате во исто време.

8. Обилен ручек


Ручекот би требало да биде многу поголем од вечерата, доколку сакате да си легнете порано од претходно. На овој начин ќе ги решите проблемите и пореметувањата со спиењето.

9. Вложете во добро осветлување


Доколку немате природен извор на светлина, неопходно е да имате одлично осветлување кое наутро ќе ве буди и ќе ве натера да станете од кревет.

10. Измамете го вашиот ум


Што правите кога ви ѕвони алармот? Го исклучувате и продолжувате да спиете. Многу подобро решение е да го поместите вашиот аларм за десет минути и да станете и да си кажете себеси дека после 10 минути ќе се вратите во кревет.

Наместо да се присилувате да станете, кажете си: „Издржи уште десет минути“. Не е важно како ќе го исполнете ова време, важно е да не се вратите во кревет. Оној момент кога алармот ќе заѕвони, вас нема да ви се спие.

 

3


11. Домашно милениче наместо аларм

Животните се одлични „будилници“, особено доколку се навикнати да ги храните или шетате наутро. Упорни се, прават врева и немирни. Ќе ви се качат на кревет и ќе ви досадуваат се` додека не ги нахраните или прошетате.

12. Не му дозволувајте на вашиот ум да ве измами


Кога сте ноќна птица, вашиот ум веројатно ќе го одбива секој повик да стане и ќе ве убедува дека е подобро да продолжите да спиете. Немојте да попуштате. Доколку му дозволите да победи, никогаш нема да бидете ранобудни.

13. „Уште само пет минути“

По некое чудо сте успеале да се разбудите пет минути пред алармот. И, што ќе правите? Секако, продолжувате да спиете уште пет минути. Голема грешка. овие пет минути можат да ве одведат во уште подлабок сон, па на крајот ќе ви биде многу потешко да станете.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот