Будењето рано наутро го подобрува здравјето, покрај дополнителното време за завршување на обврските. Со станувањето рано може да имате повеќе време за вежбање, што го зголемува лачењето на ендорфинот, кој прави да се чувствуваме добро, го подобрува расположението, ги намалува стресот и анксиозноста и ја зголемува енергијата.
Според истражувањата, луѓето што се будат рано најчесто легнуваат порано и затоа спијат подобро. Квалитетниот сон влијае врз расположението, ја подобрува концентрацијата, го намалува ризикот за здебелување и заболување од хронични болести.
Фото: Pexels
Од друга страна, недостигот на квалитетен сон може да го ослаби имунолошкиот систем, да го зголеми ризикот од висок крвен притисок, болести на срцето и дијабетес.
Поздрава кожа
Лошото спиење може да се покаже во изгледот на кожата, и тоа во облик на тенки линии, брчки, блед изглед или потечени и обесени капаци. Недостигот на сон може да доведе до појава на акни.
Од друга страна, добриот сон помага да го зачувате здравјето на кожата бидејќи во текот на спиењето се обновуваат клетките во кожата, а подобриот крвоток и колагенот помагаат во поправањето на штетата од сонцето и околината.
Фото: Pexels
Подобра концентрација
Вашиот мозок не се буди во истата секунда кога станувате, па затоа се чувствувате дезориентирани кога станувате. Оваа инерција може да трае околу еден час или повеќе, што го отежнува концентрирањето и вршењето активности доколку сте започнале со работа веднаш по будењето.
Раното будење ви дава време целосно да се расоните, а така ќе бидете подобро концентрирани.
Извор:
Ekapija