Доколку повеќе не сакате да се будите борејќи се со копчето „snooze“, во обид да добиете уште неколку минути сон, тогаш треба да знаете дека не сте сами: голем број луѓе страдаат од нарушени симптоми на спиење или несоница.
Неодамнешно истражување вели дека не треба да броиме колку часа спиеме, туку да започнеме да размислуваме за сонот според циклусите во кои истиот функционира.
„Мозокот има шема на спиење. Првиот час сон не е ист со вториот, третиот, петтиот итн. Сонот минува низ циклуси. Во секој циклус постои не-РЕМ спиење, а потоа и РЕМ-спиење“, вели авторот и експерт за сон д-р Лаура Лефковиц.
За да им помогне на луѓето да пресметаат кога треба да си легнат, една веб-страница создаде калкулатор за сон кој ви открива кога треба да си легнете и кога да се разбудите наредниот ден за да се чувствувате свежи.
Секој циклус трае околу 90 минути, а човек треба да помине низ 5 или 6 такви циклуси. Будењето во средината на циклусот може да ве остави да се чувствувате уморни и ненаспани. Будењето меѓу фазите ќе ви помогне да го започнете денот со насмевка на лицето.
Калкулаторот функционира на тој начин што го внесувате времето кога треба да се разбудите наутро, па ви нуди оптимално време кога треба да си легнете.
Ако треба да се разбудите во 6:30 часот наутро, тогаш треба да си легнете во 21:16 часот, или 22:46 часот, или 00:16 часот, или 1:46 часот.
Ако треба да се разбудите во 7:00 часот
наутро, тогаш треба да си легнете во 21:46, или 23:16, или 00:46, или 2:16.
ТУКА може да го пресметате вашето време.