X
 12.05.2017 Живот

„Се будев секој ден во 5 часот наутро... Еве што заклучив“

Новинарката Речел Хоси од „Independent“ направила мал експеримент на темата: Дали секојдневното станување во 5 часот наутро го прави човек поуспешен? После недела дена таа дошла до неколку заклучоци.

Во продолжение таа ги образложува во целост.

Имате повеќе време за тренинзи


„Како некој кој отсекогаш му давал приоритет на социјалниот живот над вежбањето, долго време самата себеси си велев дека немам време за тренинзи. Но, кога ќе станете четири часа пред да одите на работа, тогаш имате доволно време“.

Ќе бидете позадоволни


„Вежбањето во 6 часот наутро, во време додека останатите луѓе спијат, се чини дека е одлично. До одењето на работа веќе имав завршено голем дел од обврските: менување на постелнината, чистење, проверување на мејловите и планирање на неделата“.

Погладни сте


„Една од најубавите работи што ги носи раното будење е тоа што имав време да си приготвам убав појадок. Но, кога сте толку долго време будни, чувствувате глад во текот на целиот ден“.

Морате да ги скратите вечерните излегувања

„Пред експериментот, станував во 7.15 часот наутро, а си легнував околу полноќ. Со оглед на тоа што сега станувам во 5 часот наутро, нема шанси да останам будна толку доцна. Вториот ден од експериментот имав состанок со момче и морав да му кажам дека не можам да останам подоцна од 22 часот“.

Подобро ќе изгледате

„Во текот на цела недела добивав комплименти на сметка на мојот изглед од моите колеги. Тоа веројатно е последица од тренингот, но и тоа што конечно имав време да се средам онака како што треба“.

Времето надвор ќе ви биде важно


„Првите денови како ранобудна личност воопшто не бев уморна и станувањето не ми беше проблем. Сонцето светеше, птиците пееја, но работите се променија кога времето се влоши во текот на неделата. Многу е потешко да се натераш себеси да станиш кога надвор нема сонце“.

Ќе бидете поефикасни на работа


„Неверојатно, јас бев повеќе продуктивна од обично. Се чувствував енергично во текот на целиот ден и имав поголема концентрација.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот