X
 28.01.2016 Образование

Кои се најчесто користените книги во универзитеските предавални?

Изминатата недела беше објавена листа на највлијателни академски книги на сите времиња според анкета спроведена во Велика Британија. Сега доаѓа „Syllabus explorer“, нова интернет-страница направена од „Open syllabus project“ при универзитетот „Колумбија“.


Она што е интересно со оваа страница е дека на неа може да се најдат над 1 милион академски програми објавени на универзитетски интернет-страници. Овие програми потоа биле искористени за да се определат најчесто користените книги во универзитетските предавални.

Зборувајќи за „The New York Times“, Џо Карагинис и Дејвид Меклур од проектот изјавуваат дека меѓу најпопуларните 100 книги доминираат западните книги. „Република“ на Платон е на 2 место, „Франкенштајн“ е на 5 место, а меѓу првите се и „Етика“ на Аристотел и „Принцот“ на Макијавели.

Кој е на прво место?

Елементи на стилот“ од Вилијам Странк Џуниор и Е.Б.Вајт.

Кога станува збор за најпопуларните романи кои се читаат на универзитетите во последните 50 години, на прво место се наоѓа „Beloved“ на Тони Харисон, по што следуваат „Neuromancer“ од Вилијам Гибсон, „Maus“ од Арт Спигелман и „The Bluest eye“ од Морисон.

Податоците се однесуваат на американските универзитети.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование