Истражувањето за преферираниот материјал за читање меѓу учениците во Јапонија покажа дека хартиените книги се победници.
Интересно, ова се однесува на сите нивоа на ученици: и основци, и средношколци, и студенти и се чини дека се едногласни кога станува збор за изборот на содржината што би сакале да ја читаат бидејќи сите три групи им дале предност на хартиените во однос на е-книгите. Учениците сметаат дека традиционалните книги се полесни за читање во споредба со дигиталните верзии.
Помеѓу основците, 45,6 отсто рекле дека претпочитаат хартиени книги, иако тоа паднало на 40,4 отсто кај учениците од седмо до деветто одделение, а се искачи на 45 отсто кај средношколците. Електронските книги што се читаат преку паметен телефон или таблет се најпосакуван избор за 34,4 проценти од основците, 38,5 проценти од учениците од седмо до деветто одделение и 34,9 проценти од средношколците.
Горенаведениот тренд се рефлектира и кај девојчињата, при што 47,6 отсто од девојчињата од основно училиште, 45 отсто од девојчињата од седмо до деветто одделение и 49,2 отсто од средношколките претпочитаат хартиени книги наместо е-книги. Причината е слична бидејќи на девојчињата им е полесно да читаат хартиени отколку е-книги со помош на паметен телефон или таблет.
Во истражувањето биле анкетирани околу 14.091 ученик запишани во 161 училиште низ Јапонија. Анкетата што ја спроведува Здружението на јапонската училишна библиотека ги опфати оние што учат во четврто одделение основно училиште до трета година средно училиште, што ја прави сеопфатна студија за трендовите на читање кои моментално се во мода кај целата ученичка заедница.
Резултатите од истражувањето се појавија во време кога нацијата ја слави Неделата на книгата (27 октомври - 9 ноември) и есенскиот месец во кој речиси секогаш се организира промоција на читањето. Ова е време кога издавачите и книжарниците одржуваат неколку промоции и настани за да ги привлечат читателите да прочитаат повеќе.
Извор:
Goodreader.com
Фото: Freepik