Инвеститорите кои бараат идеално место за инвестирање можеби ќе бидат изненадени кога ќе дознаат дека Шведска е местото кое наскоро може да стане конкуренција на Силициумската долина во Сан Франциско.
Стокхолм брзо станува едно од најголемите ИТ-места во светот. Дом на технолошки стартапи како „Candy crush“ и „Spotify“, јасно е дека Стокхолм го има тоа што е потребно. Земете предвид и дека ИКЕА и „Волво“, исто така, доаѓаат од Шведска.
Инспирација зад иновацијата
Што е она што ја предизвикува технолошката револуција во Шведска? Според „Инвестопедија“, една од причините поради која технолошките стартапи се чести во земјата е лесното основање на истите, но и добриот образовен систем. Школувањето во Шведска е бесплатно, а студентите добиваат и стипендии доколку сакаат да студираат.
Потоа, индивидуалците кои приватно инвестираат во стартапи добиваат намалување на данокот. Има и нешто друго во шведската култура што го поттикнува овој раст. Без разлика дали имате голема компанија или сега почнувате, во Шведска се чини дека секој е способен за соработка за доброто на сите, посочува „
Инвестопедија“.
Моментално, најбрзо растечката стартап-компанија во Шведска е „Freespee“. Сервисот е наменет за претворање на комуникацијата на корисниците во податоци. „Tictail“, платформа за помош при електронското тргување, е уште една успешна стартап-компанија во земјата.