X
 18.04.2016 Технологија

Апликација која ги спречува студентите да користат телефони на предавања

Во 2014 година, Мич Гарднер и Роб Ричардсон, двајца студенти од Чико Универзитетот во Северна Каролина одлучиле да создадат интересна апликација.

 

апликација


Додека биле на час, сите гледале во нивните телефони, испраќајќи пораки или други активности, со што никој не обрнувал внимание на професорите. Колку повеќе зборувале за тоа, толку повеќе биле изнервирани. Ако технологијата би можела да предизвика ваков вид на зависност, тогаш технологијата е таа која може да го реши тоа.

За таа цел тие ја создале апликацијата „Pocket Points“ која ги наградува студентите кои не ги користат нивните телефони додека се на предавања. Користејќи GPS „ограда“ низ кампусот, апликацијата може да „насети“ кога еден студент е на кампусот и автоматски му го исклучува телефонот. Студентите заработуваат поени додека се на кампусот со пуштена апликација и заклучен телефон. Кога студентот го напушта кампусот, телефонот се отклучува и пишувањето и „Snapchat“ можат да продолжат.

Поените можат да се наплатат во награди како пица, храна, кафе, јогурт итн.

После лансирањето на кампусот во период од неколку недели, една третина од студентите веќе ја користеле. Изненадени од повратната информација, тие се обидоа со многу поголем кампус, на Државниот универзитет во Пенсилванија. Уште еднаш, во рок од неколку недели, околу една третина од студентите веќе го користеле.

 

1


Поради популарноста на апликацијата, момчињата се појавија во весниците, па така Крис Фридланд, извршен директор на „Build.com“ се заинтересирал за нив. После нивната средба тој инвестирал во апликацијата и станал нивен ментор.

„Тој е многу зафатен но секогаш одговара на нашите повици“, вели Гарднер.

Апликацијата сега е достапна во околу 100 училишта. „Постојат 2 милиони луѓе во училиштата во кои ја лансиравме и 500.000 луѓе веќе ја користат“, вели Гарднер. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија