X
 15.11.2024 Живот

Трик за да гледате видеа на „Јутјуб“ без реклами

За да ги избегнат рекламите на „Јутјуб“, некои корисници користат блокатори на реклами или се поврзуваат преку ВПН (виртуелна приватна мрежа)  со земји со пониски цени за претплата за да купат „Јутјуб премиум“.

Сепак, овие методи не се официјално одобрени, па „Јутјуб“ во последните години презема различни мерки за блокирање на сите активности што ги заобиколуваат рекламите.

Претходно, корисниците користеа ВПН за поврзување со земји како Турција, Индија и Украина, каде што премиум пакетот е по пониски цени. Но, неодамна голем дел од корисниците добија официјални известувања за забрана на претплати од други региони, па од нив се бара да користат легални картички за да ги обноват нивните претплати. Корисниците што ја користеа оваа метода го изразија своето незадоволство, нарекувајќи го „депортација“.

Дел од корисниците споделија други начини за заобиколување на ова правило. Тие посочуваат дека постојат земји како Албанија и Молдавија каде што „Јутјуб“ не прикажува реклами, што значи дека со користење на ВПН за поврзување со овие земји, корисниците можат да уживаат во „Јутјуб“ без реклами, без да мора да платат.

Тестовите покажуваат дека овој метод функционира, но „Јутјуб“ наскоро може да преземе мерки за да го блокира.

Дополнително, некои корисници откако добиле известување од „Гугл“ со кое се забранува гледање од други региони, контактирале со поддршка и изјавиле дека моментално живеат во Турција и користат кредитни картички од други земји. Но, службените лица побарале дополнителни докази, што укажува дека овој трик нема да може да функционира без релевантни докази.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот