X
 03.02.2016 Наука

Терапија која би помогнала во борбата против дебелината

дебелина

 

Науката се`уште не може да ги сфати основните причини за дебелината. Но, се чини дека едно ново истражување можеби откри извонреден механизам - во суштина станува збор за биолошко вклучување/исклучување на дебелината. Трудот, кој бил објавен во списанието „Cell“, може да им помогне на истражувачите да развијат подобра терапија која би помогнала во борбата против дебелината.


Нивната идеја е направена врз основа на епигенетиката - концептот дека вашата висина, тежина и други физички карактеирстики не се само врз основа на она што го наследувате од гените, туку и од интеракцијата на овие гени со околината во која живеете. Во зависност од интеракцијата, одредени гени можат да вклучат/исклучат други гени - една од главните причини зошто идентичните близнаци понекогаш не изгледаат толку идентични.

Истражувачите се фокусираа на одреден ген наречен Trim28, кој тие го пронашле во тежината на глувците - генот ги правел слаби или со прекумерна тежина. За да го разберат овој ген кај луѓето, тие проучувале 13 парови на идентични близнаци од кои еден близнак имал прекумерна тежина, а друг бил слаб. Истражувачите откриле помала активност на Trim28 кај клетките на близнаците со прекумерна тежина за разлика од оние слабите.

Научниците веќе знаеле дека Trim28 може да влијае врз другите гени кои влијаат врз тежината, па тие заклучиле дека Trim28 може да дејствува како епигенетски приклучок со кој или се вклучува или се исклучува дебелината или се активираат сет на гени кои ја контролираат тежината.

Ова е нов начин на размислување за тоа како епигенетиката влијае врз дебелината. Моментално, многу истражувачи мислат дека епигенетиката влијае врз тежината, но само во мали количини - ништо што би предизвикало една личност да биде слаба или дебела. Оваа нова иеја би значело дека или дебелината е вклучена целосно или целосно исклучена - со што се дава причината зошто еден идентичен близнак е со прекумерна тежина, а другиот не е.

Иако оваа опција се чини ветувачка, научниците признаваат дека прво треба подобро да разберат како, кога и зошто може да се вклучи и исклучи со што ќе се посочат третманите за дебелината.

„Нашата главна цел е да видиме дали можеме да го промениме овој процес, без разлика дали ќе можеме да ја вклучиме или исклучиме болеста преку исхрана, намалување на стресот ил лекови. Надежта е дека засекогаш можеме да го исклучиме системот“, вели Ендру Посписилик, еден од авторите на истражувањето.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука