X
 26.02.2018 Наука

Археолозите го пронашле првиот доказ за постоењето на пророкот Исак

Библискиот лик Исак, кој го најавил доаѓањето на Месијата, најверојатно бил вистинска личност. Истражувачите пронашле древен глинен печат од периодот во кој се смета дека живеел Исак, обележан со неговото име.

фотоизвор:Ouria Tadmor.Eliat Mazar 

Печатот бил најден во Офел, а потекнува од 8 век пр.н.е. На него е впишано името на пророкот. Пронајден е на само 3 метри од местото каде што е најден и печатот на кралот Хезекија од Јуда, на кого Исак му бил советник.

Печатот, за жал, е искршен. Има дијаметар од околу 1 сантиметар, а името на Исак е впишано со еврејски букви. Потоа следуваат трите еврејски букви што го означуваат зборот за „пророк“. Иако печатот е скршен, сепак се заклучува дека пишаното гласи: „ Исак, пророкот“.

Печатот можеби му припаѓал на друг Исак што живеел во тоа време, бидејќи се работи за доста вообичаено име. Но, бидејќи на печатот е додаден и зборот „пророк“, се смета дека ова е првиот доказ за постоењето на Исак надвор од религиските текстови, вклучувајќи ја и Библијата. Според Библијата, Исак бил тој што го советувал кралот Хезекија да се спротивстави на завојуваните Асирци, спречувајќи инвазија на Ерусалим.

Иако печатот не е дефинитивен доказ за постоењето на Исак, сепак е извонредно откритие, велат истражувачите. На задната страна од печатот има отпечаток од ткаенина, што значи дека печатот бил користен за затворање на пакет со ткаенина, а на него има и отпечаток од прст, најверојатно од лицето што го затворило пакетот. Можеби се работи токму за Исак.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука