X
 20.10.2017 Наука

Изгубениот континент под Тихиот Океан

zelandija

Неодамна научниците пронајдоа изгубен континент во Тихиот Океан - „плови на запад од Сиднеј и ќе ја пронајдеш Зеландија“, велат тие. Нема да можете да ја видите, но длабоко под океанот се наоѓа земјата што се шири на 4,9 милиони квадратни километри, а која се отцепила од Австралија пред околу 75 милиони години. Генерално, копнените маси што се наоѓаат под вода не се сметаат за континенти - всушност, често се сметаат за земјишни маси. Но Зеландија ги исполнува скоро сите критериуми: надморска височина над околината, специфична геологија, добро дефинирана област и кора многу погуста од онаа што се наоѓа на подот на океанот.

Во едно од најинтензивните истражувања на „изгубениот континент“, австралискиот национален институт ја почнал мисијата за истражување на Зеландија. Мисијата на институтот била да се соберат седименти од континенталната кора под океанот и да се тестираат теориите за тоа како и кога била формирана Зеландија. Моментално, научниците веруваат дека некогаш била дел од Гондвана, суперконтинентот во кој биле вклучени и Австралија, Антарктикот, Африка и Јужна Америка. Веројатно се отцепил пред 75 милиони години, а во период од околу 20 милиони години постепено се ширел и бил толку тенок, што потонал. Со примероци од јадрото и минерални депозити, научниците ќе можат да ги зајакнат овие теории или целосно да ги исфрлат.

Научниците претпоставувале за Зеландија уште во 1919 година (тогаш позната како Тасманис), меѓутоа, ова не е единствениот потонат континент на планетата. Друг, многу помал, остаток од расцепувањето на Гондвана бил откриен во 2017 и бил наречен Мавриција по Мавриција, еден од неговите единствени делови што излегле на површина.

Постојат и други континентални остатоци, меѓутоа, само Зеландија се смета за доволно голема за да се нарече континент. Другите, вклучувајќи ги и Мавриција, Мадагаскар и уште неколку острови што се под вода, за кои веројатно никогаш не сте слушнале, се сметаат за микроконтиненти или континентални фрагменти.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука