Во Македонија во среда уште еден пролетен ден, претежно сончево и надпросечно топло и ветровито. Во доцните попладневни часови и кон крајот на денот зголемување на облачноста. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе биде засилен и ќе достигне брзина до 40 км/ч. Утринските температури од 0 до 7 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 14 односно до 22 степени.
Во Скопје во среда претежно сончево и топло. Доцна попладне зголемување на облачноста. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 17 степени.
Во четврток продор на циклонска активност која што ќе донесе врнежи од дожд и постудена воздушна маса. На повисоките места и на планините се очекуваат врнежи од снег. Во доцните попладневни и во вечерните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Во петок постудено утро, во текот на денот претежно сончево со локална облачност, максималните температури од 3 до 12 степени. Во сабота по студеното утро, во текот на денот сончево и малку потопло со дневни температури кои ќе се движат од 5 до 14 степени. Во недела зголемување на облачноста и максимални температури од 6 до 15 степени.
Weather4all.com.mk