Кога станува збор за заштитата на компјутерите, онлајн и офлајн приватноста и нашите податоци не треба да има дилема – ќе го избереме најдобриот производ кој може да нè заштити!
Сепак, доколку тој производ треба да го платиме, главно се потпираме на бесплатните алтернативи, кои многу често се далеку полоши. Се чини дека луѓето немаат навика да плаќаат за антивирусни програми.
Компанијата
Kaspersky Lab ја освои првата награда на тестот за ефикасност на софтверот за антивирус во конкуренција на 21 софтвер и потврди дека Kaspersky Internet Security е еден од најдобрите производи кои може да ве заштитат онлајн и офлајн додека сте дома, но и на работа.
Ве штити и офлајн затоа што вирусите се шират и без користење на Интернетот, на пример, со пренесување на USB стикови, цедеа, телефони или мобилни уреди со вградена меморија.
Во серијата тестови на организацијата AV-Comparatives за 2015 година учествувале 21 производ од областа заштита дизајнирани за оперативниот систем Windows, кои истовремено биле поединечно проценувани и тестирани за ефикасноста. Била тестирана нивната способност да штитат од заканите на Интернет во реалниот свет, требало да откријат илјадници штетни програми и да обезбедат заштита без да ја загрозат функцијата на компјутерите.
Во изборот учествуваа следниве антивирусни програми:
Дополнителните тестови провериле колку добро производите ги отстрануваат штетните програми oд заразените компјутери и на кој начин ги блокираат новите и непознати закани.
Годишниот извештај на организацијата AV-Comparatives ги истакнува производите кои на тестовите од претходната година имале висок резултат и се избира вкупен победник врз основа на севкупниот резултат. Одреден број дополнителни награди се доделуваат на основа на резултатите на поединечните тестови.
Бидејќи учествувал и постигнал резултати на осум главни Advanced+ тестови, Kaspersky Internet Security е прогласен за производ на годината и примил пофалби за дизајнот и пристапноста на интерфејсот, како и одличната обемна документација и придружните карактеристики.
Покрај наградата за производ на годината, Kaspersky Internet Security, исто така, доби и златен медал во категориите Заштита во реалниот свет (Real-World Protection) и Тест за отстранување штетни програми (Malware Removal tests), како и прва награда во категоријата Откривање документи (File Detection test). Производот освои и сребрен медал на тестот Проактивна заштита и ја дели бронзата во категоријата Перформанси (Performance).
Овластен дистрибутер на Kaspersky за Македонија е Кабтел (02)3103 235 со широка
продажна мрежа.