X
 28.03.2017 Технологија

Најлесните начини да се заштитите онлајн според Едвард Сноуден

Во неодамнешно интервју за The Intercept Едвард Сноуден нуди неколку совети за обичните граѓани што може да ги применат за да си ја заштитат приватноста.

едвард сноуден

Според него овие информации треба да се споделат, а не да бидат енигма.

1. Signal – апликацијата која е лесна за користење ги енкриптира пораките на Вашиот мобилен, ако личноста на која испраќате порака или се јавувате исто така ја има инсталирано. Развиена е од “Open Whisper Systems” и е достапна на “IOS” и “Android”.

2. Следниот чекор е да овозможите проверка на Вашите сметки со два фактора. На овој начин на хахерите ќе им биде потребен не само Вашата лозинка, туку и физички уред, како Вашиот паметен телефон, за да го добијат вториот код што ќе ја отвори сметката.

3. Програма за менаџирање на лозинки како “KeePassX” ќе обезбеди лозинките да се насочуваат низ сите профили. Така, ако една сметка е компромитирана, нема сите да биде компромитирани.

4. Следниот чекор е “Tor”  – инсталирајте го и користете го. Изгледа многу слично како прелистување во пребарувачот “Firefox” и  е ефективна алатка за цензура и заобиколување, овозможувајќи им на корисниците да дојдат до инаку блокирани дестинации или содржини. Со “Tor” следи и “Java Script” блокатор кој ги оневозможува рекламите на интернет страните.

Според Сноуден секој треба да има софтвер за блокирање на реклами. Способноста да се преземе контрола врз приватноста станува подостижна од кога било. Сепак, потребно е што повеќе луѓе да станат корисници на овие програми, за да настане трајна промена.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија