X
 13.06.2019 Живот

Светски познатиот фотограф Давид Јероу фотографираше уникатни слики од дивината благодарејќи на новиот „LAND ROVER DEFENDER“

• Генијални фотографии: Уметничкиот фотограф и долгогодишен поддржувач на „Туск“ (организација за иницирање и финансирање на програми за заштита на дивиот свет во Африка), Давид Јероу документираше уникатни фотографии за потребите на донаторската средба на организацијата по повод кампањата посветена на „Годината на лавот”.

• Зголемување на свеста: Бројот на лавовите во дивината во Африка опадна на 20.000 со тенденција за понатамошно опаѓање.

• Лоцирање на крдата: Прототипот на новиот „LAND ROVER DEFENDER“ камуфлиран и брендиран со „Туск“ логото послужи за следење и мониторирање на лавовите во Борана резерватот во Кенија.

• Доверлив партнер: „LAND ROVER“ е официјален партнер на „Туск“ во изминативе 15 години. Оваа година, добротворното друштво, „Туск“, има за цел да ја алармира јавноста за опаѓањето на бројот на лавовите во дивината во Африка.

1

Светски познатиот уметнички фотограф, Давид Јероу, соработуваше со „LAND ROVER“ во поддршка на „Туск“, која имаше за цел зголемување на свеста за опаѓање на бројот на лавовите во Африка, преку фотографирање на серијал на спектакуларни слики од дивината.

„Туск“ ја определи 2019 година како „Година на лавот“ со цел проблемот на опаѓањето на популацијата на лавовите да биде приоритетен во агендата за зачувување. Во поддршка на иницијативата, „LAND ROVER“ испрати прототип на новиот „Defender 4x4“ во Борана резерватот во Лаикипиа во Северна Кенија, како помош за следење и мониторирање на лавовите. Овој „LAND ROVER“ допрва ќе је има својата светска премиера оваа година.

Новиот 4x4 ја дополнува „DEFENDER“ фамилијата со супериорен опсег на можности како и ново ниво на удобност и начини на возење за време на тестот во вистинскиот свет извршувајќи серија на активности во Борана резерватот. Поврзаноста на „LAND ROVER“ со Источна Африка датира од 1948 година кога некој од првите модели од пред производната серијата 48 беа тестирани во регионот.

Јероу, возејќи се во новиот, специјално камуфлиран „Defender“ за таа намена, фотографираше серија на фотографии од крда лавови. Во моментов има помалку од 20.000 лавови во дивината, во споредба со 25.000 носорози (од кои 20.000 бели носорози и 5.000 црни носорози), со тенденција на понатамошно опаѓање на нивниот број.

2

- Услов за успешна фотографија од дивината е поставеноста – можноста да се позиционираш на најдобрата можна позиција – затоа ви треба возило кое може да пристапи на инаку недостапните места. „LAND ROVER DEFENDER“ е синоним за авантура и презервација од времето на својата премиера во 1948 година, затоа е сосема разбирливо првата официјална задача на новиот „Defender“ да биде алармирање на јавноста за опаѓањето на бројот на лавовите во дивината во Африка. - рече Јероу.

Уникатната програма во Кенија им овозможи на раководителите на проекти од „Туск“ да го испробаат новиот „Defender“ во резерватот, кој се простира на површина од 14.000 хектари, во секојдневните задачи во резерватот вклучувајќи и успивање на лав со воздушна пушка за да се смени посточката огрлица за следење. Лавот беше успиен од блиску, додека се стрелаше од безбедна локација, од новиот прототип на „Defender“.

4

- Оваа година Туск ја одбележува „Годината на лавот“. Нашата цел е да се зголеми на свеста за алармантното опаѓање на бројот на лавовите во Африка. За среќа, во рамките на Борана резерватот, има голем број на крда на лавови и нивното следење и мониторирање на нивното движење низ непрегледното пространство и тешко пристапни терени е од големо значење за нивната заштита и спречување на несакани конфликти со локалните заедници. Новиот „Defender“ помина тешки терени на својот пат, преминувајќи длабоки реки и качувајќи се по карпести предели - рече Чарлс Мејев МБЕ, извршен директор на „Туск“.

Борана резерватот, поддржан од Туск, има многу активности од различни области кои вклучуваат поддршка на заедниците, едукации за природата, заштита на живеалишта, презервирање на загрозени видови и обезбедување на коегзистенција помеѓу луѓето и животните во дивината. Резерватот е дом на некој од најранливите видови животни како слоновите, црните носорози, афричките диви кучиња и зебрите кои го делат резерватот со лавовите и други поголеми предатори.

Оваа иницијатива е поддржана од страна на глобалниот логистички партнер на „Jaguar Land Rover“ и поддржувач на „Туск“, „DHL“.

6

-  Оваа активност ни овозможи да работиме заедно со нашите партнери, Туск и DHL, со цел да се обелодени фактот дека бројот на лавовите во Африка е во континурано опаѓање. Борана резерватот се состои од повеќе различни околини, што го прави одличен полигон за тестирање на off-road атрибутите на новиот Defender - рече Лаура Вуд, Директор на ПР во „Jaguar Land Rover“.

За Land Rover

Од 1948 година „Land Rover“ произведува 4x4 возила кои претставуваат вистински дијапазон на можности за сите 4x4 модели. „Defender“, „Discovery“, „Discovery Sport“, „Range Rover“, „Range Rover Sport“, „Range Rover Velar“ и „Range Rover Evoque“ секој за себе го дефинира светскиот пазар на СУВ модели со извоз во преку 100 земји од светот.

За Давид Јероу

Давид Јероу светски реномираниот уметнички фотограф чии фотографии од овој жанр се најпродавани. Во изминатите неколку години во фокусот на авторот е фотографирање на животни и луѓе преставени на креативен начин со цел фотографиите кај луѓето да поттикнат чувство на хуманост и потреба за презервирање на живиот свет. Во 2018 година износот на средства собрани преку продажба на фотографиите на Давид Јероу на донаторски средби надмина 2 милиони долари.

Фотографиите од фауната на Давид Јероу се највпечатливи со што бројот на колекционери на неговите фотографии е во константен пораст. Фотографиите на Давид Јероу се изложени во неколку врвни галерии за модерна уметност ширум Светот, а во изминатите 2 години, 3 дела на Давид Јероу биле продадени за повеќе од 100.000 долари на аукциите приредени од страна на „Сутбејс“ во Лондон и Њуjорк.

За Борана резерватот

Борана резерватот е лоциран во Лаикипија, Кенија. Претставува дом на некој од најпечатливите животни од африканскиот континент, вклучувајќи го и загрозениот вид – црн носорог. Борана резерватот е посветена на зачувување на природата и животните кои живеат тука. Резерватот нуди можности за туристички посети и други активности за поттикнување на квалитетот на животот на локалното население и подобрување на интегритетот на екосистемот.

За службата за диви животни во Кенија

Службата за диви животни во Кенија е државна установа која се грижи и управува со дивиот свет во Кенија во име на жителите на Кенија и целиот свет. Таа ги заштитува флората и фауната во кенијските национални паркови и резервати и го надгледува менаџирањето и активностите во приватните и заедничките области преку партнерства со заедниците.

Канали на „Land Rover“

„Фејсбук“: http://www.facebook.com/LandRover
„Твитер“: http://twitter.com/LandRover
„Инстаграм“: http://instagram.com/LandRover
„Јутјуб“: http://www.youtube.com/LandRover

Повеќе информации можете да добиете ТУКА или да пребарате: #YearoftheLion #TeamDefender

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот